Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со нови уреди ќе се мери кој загадува, пропишани се високи казни

Со нови уреди ќе се мери кој загадува, пропишани се високи казни
Два преносни апарати, вредни 15 илјади евра ќе докажуваат дали е чист или загаден воздухот кој го дишеме. Според министерот за здравство Никола Тодоров, вака за првпат ќе се проверува поврзаноста на некој загадувач со воздухот во околината. Во моментов се чека уште апаратите да стигнат во Македонија, по што ќе бидат предадени на Институтот и центрите за јавно здравје. Планот е потоа во лабораторија да се проверува хемискиот состав на воздухот од одредена локација каде по потреба ќе се ставаат преносните мерачи. Според надлежвите, вака се добиваат детални резултати за концентрацијата на суспендираните цврсти честички ПМ10 и ПМ2.5, за присуството на тешки метали,јаглеводороди, азбест и слично. Целта на нивната набавка, вели министерот за здравство, е да се врши навремената анализа кога има сомнеж за загадување, а потоа  да се предупредат граѓаните за добиените резултати за заштита на здравјето. „Не е значајно само да знаеме дека во некој град и област има загадување. Клучно е да знаеме како резултат на што е тоа загадување, дали е како резултат на работа на некоја фабрика, топлана, сообраќајот или друг тип активности“, истакнува Тодоров кој посочи дека законот предвидува сериозни казни за загадувачите, но досега немало вакви уреди за мерење на состојбите. За раководителите на фирмите-загадувачи според законот, кога ќе се докаже дека го загадуваат воздухот, предвидени се и затворски казни од 4 до 10 години. Новите преносливи мерачи тежат по 17 килограми, а со нив мерењето ќе трае 24 часа независно од временски услови. Каде ќе бидат поставувани, ќе одлучуваат надлежните институции.
Слично

Поврзани вести