Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со нови авиони со ласерско оружје, САД ќе ја засили својата авијација

Со нови авиони со ласерско оружје, САД ќе ја засили својата авијација

Употребата на ласерот како оружје за уништување, САД веќе го демонстрираше во системот на својата морнарица, со кој се ловат беспилотни летала и се уништуваат други цели. Тоа го прават на начин што го насочуваат зракот кон една критична точка на целта и ја загреваат и пробиваат или запалуваат.

Следениот чекор на САД е во наредните пет години да ги употребат ласерите и во авиони за военото воздухопловство.

Засега имаат и демонстрирано прототип, кој ќе има мали димензии за да може да се смести во авионски ловци и бомбардери.

Oстанува уште оружјето да помине низа тестови против гранати, ракети, беспилотни летала, и секакви возила во лет или на земја пред да биде вградена во леталата на воздухопловството на САД.

Слично

Поврзани вести