СО НОВА СТРАТЕГИЈА: Волксваген се враќа посилен од секогаш
Претседателот на управниот одбор на Volkswagen AG, Матијас Милер ги претстави петте најважни чекори од новата стратегија поврзани со неодамнешните случувања и со идните.
Претседателот на управниот одбор е убеден дека Volkswagen од актуелната ситуација ќе излезе посилен.
На почетокот, Милер вели дека од најголема важност е поддршката на клиентите погодени од скандалот Dieselgate: „Нашите клиенти се во центарот на вниманието и проблемите со нивните автомобили посветено ги решаваат 600.000 работници низ целиот свет“, истакна Милер.
Вториот приоритет е целосно да се расветлат неодамнешните настани и истите да се објаснат пред јавноста, вклучувајќи ги тука и сите последици од нив.
Третиот приоритет е воведување на нова структура во Volkswagen групацијата: „Клучно е тоа што во иднина раководството на нашата групација ќе биде децентрализирано, односно марките и регионите треба да бидат понезависни, а управниот одбор, меѓу другото, ќе се бави со стратегии кои ќе се однесуваат на сите брендови, одржување на синергија и ефективна примена на ресурсите со кои располага групацијата“ - вели Милер.
Четвртиот чекор се однесува на културата и однесувањето на раководството на компанијата. СпоредМилер, мора да се одржи перфекционизмот и ангажираноста на вработените, како и општествената одговорност на Volkswagen групацијата, но потребно е да се направат и промени во начинот на комуникација и справувањето со грешките.
Петтиот приоритет е континуиран развој на Стратегијата 2018 и нејзина имплементација во Стратегијата 2025: „Многумина надвор од Volkswagen, а и некои луѓе во компанијата не сфатија дека Стратегијата 2018 опфаќа многу повеќе од бројот на продадени возила. Тука всушност не се работи за тоа дали ние ќе продадеме 100.000 возила повеќе или помалку од некој голем конкурент, туку пред се' фокусот е на квалитативниот раст“, истакна Милер.
