Со нова еврообврзница Владата ќе го покрива буџетскиот дефицит?
Фактор неодамна пишуваше дека за финансирање на буџетскиот дефицит владата планира догодина да издаде нова еврообврзница, а дел од медиумите пренесоа дека надлежните веќе почнале со подготовки за идавање на истата.
Засега се спомнуваат три странски банки кои ќе ги прават анализите за условите на финансиските пазари, но истите засега се без коментар по ова прашање а молк има и од Министерство за финансии .
Во 2016 година Владата планира да потроши близу 3,2 милијарди евра. Но, во касата ќе може да собере близу 2,9 милијарди евра. За трошење ќе и недостасуваат близу 309 милиони евра, односно, буџетскиот дефицит за следната година е планиран на 3,2% од БДП.
„Вака планираните приходи и расходи обезбедуваат етапна консолидација на јавните финансии, односно намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 3,2% од БДП или во износ од 18.984 милиони денари. Ова ниво на дефицит е согласно определбата за постепено намалување на јавната потрошувачка, со истовремено обезбедување на значителен износ на капитални инвестиции кои ќе имаат соодветен придонес за повисоки стапки на економски раст. Планираните расходи за 2016 година обезбедуваат поддршка на домашната економија и животниот стандард, која ќе се реализира преку капитални инвестиции, субвенции, пензии и социјалните надоместоци, е наведено во предлог Буџетот за 2016 година.
Четврта по ред еврообврзница што ја издава Македонија
„Финансиските средства за проектираниот дефицит за 2016 и отплатата на долговите ќе се обезбедат преку задолжување во странство со издавање на Еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал, со задолжување на домашен пазар на државни хартии од вредност и со повлекување на средства од поволни кредити од меѓународни финансиски институции и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти. Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање, основна заложба на Министерството за финансии ќе биде зголемување на рочноста на издадените хартии од вредност преку издавање на државни обврзници со подолги рочности“, стои во предог Буџетот за следната година.
Македонија должи 3,9 милијарди евра Државниот долг на Република Македонија на 30 јуни годинава изнесува 3.238,5 милиони евра, односно 36,1% од БДП, додека јавниот долг во истиот период изнесува 3.923,8 милиони евра, односно 43,7% од БДП. „Како резултат на прудентна фискална политика во изминатите години, Република Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја. 10 Одржувањето на умерено ниво на дефицит, во услови кога значителни средства се наменети за инфраструктурни инвестиции и обезбедување на адекватно ниво на социјална заштита, позитивно ќе влијае во насока на забрзување на економскиот раст и одржување на стабилна фискална позиција, пишува владата во предлог Буџетот за 2016 година. Економијата се предвидува да има раст од 4%. Еве каква динамика на раст се предвидува во сите сектори. Сектори што ќе имаат раст · Градежништвото 5,6% (како резултат на реализацијата на планираните инфраструктурни проекти и најавените инвестиции во ТИРЗ и индустриските зони.. · Индустријата 3,8% · Услужниот сектор 3,6%, · земјоделството 2% · извозот на стоки и услуги 8,1% ( главно како резултат на очекувањата за активноста на извозните капацитети на странските компании, во услови на постепен раст на надворешната побарувачка. · Увозот 6,8% · Бруто инвестициите 7,5% · Приватната потрошувачка 2,7% (главно како резултат на очекуваниот раст на бројот на вработени) · Јавната потрошувачка 1,3% · Стапката на инфлација 2,0%, · Бројот на вработени 2,4%, (како резултат на очекуваните инвестиции на странските компании во слободните економски зони, активните мерки и програми за вработување, како и реализацијата на инфраструктурните проекти на јавниот сектор, што ќе придонесе за дополнително намалување на стапката на невработеност.)