СО НОВ СОФТВЕР до побрзо исплаќање на надомест за породилно и боледување
Со нов софтвер и дигитализирана исплата на боледувањата и породилните отсуства од Фондот велат дека навремено и побрзо ќе ги исплаќаат средствата по овој основ за осигуреници.
Директорот на ФЗОМ д-р Сашо Стефаноски истакна дека со овој проект се овозможува ефикасна и прецизна обработка на податоците, се кратат бирократските процедури а, директен бенефит од ова решение за побрза исплата на надоместоците имаат осигурениците, а прецизираше дека системот нуди автоматска контрола, автоматска пресметка на надоместокот на плата и поврзаност со сите потребни надлежни институции за брза размена на податоци, електронско испраќање на известување на евентуално потребна корекција до фирмите.
„Целиот процес би се одвивал така што по поднесеното барање за надомест, ќе почне автоматизирана постапка во Фондот за здравство за пресметката на боледувањето или породилното отсуство.
Софтверот е синхронизиран врз база на исплатените плати од системот на УЈП а системот автоматски носи решенија со висина и времетраење на исплата на надоместокот, наменет за осигуреникот и во ист момент генерира и налог за исплата. Дополнително ќе се убрза процесот на исплатата, нема човечки фактори при што ќе се избегнуваат грешки, а ако пак настане било каков проблем за исплата, системот веднаш праќа нотификација со образложение на проблемот, по маил, до работодавачот, за да ги направи потребните корекции“, истакна Стефаноски.
И Орхан Rамадани искажа задоволство од новото софтверско решение и посочи дека во јули се исплатени 97% од породилните отсуства а 3% кои не се исплатени се должат пред се на грешки кои не зависат од Фондот, туку е потребно работодавачот да интервенира за што сега системот автоматски ги извести.
Подетално објаснување може да прочитате директно на стараната на ФЗОМ тука.
