Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со молотови коктели мигрантите сакале да ги ѓаѓаат полицајците

Со молотови коктели мигрантите сакале да ги ѓаѓаат полицајците

На македонско-грчката граница вчера мигрантите подготвиле и молотови коктели за да ги ѓаѓаат полицајците, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 14.45 часот е добиена информација дека мигрантите подготвувале молотови коктели за да ги фрлат кон нашите безбедносни сили, при што е издадена наредба безбедноста да се подигне на највисоко ниво, се вели во соопштението од МВР.

„До 18  часот група од околу стотина мигранти од грчка територија континуирано вршеше каменување на нашите служби. Половина час подоцна околу 18.30 часот состојбата се нормализираше, а сите групи на мигранти се повлекоа во длабочина кон грчка територија. Инаку, според првичните проценки, во нередите учествуваа повеќе од 3000 мигранти. Во текот на целиот настан, грчките полициски службеници воопшто не интервенираа во спречување на нередите на граничната линија. За време на нередите повредени се вкупно 23 службеници и тоа 14 полициски службеници  и девет припадници на АРМ, оштетени се три возила на МВР и пет возила на АРМ како и повеќе полициски штитови и друга  опрема . Повредени странски полициски службеници нема“ - соопштуваат од МВР.

f3e136b6-36f4-47f1-a6ae-2ea36c874c2d

Поголема група на мигранти од  1000 до 2000 лица, вчера препладне отпочнаа со насилни протести на околу 100-200 метри десно од граничен камен 59, со извикување, фрлање на камења и разни предмети. Нивна цел беше да влезат илегално во земјава.

Слично

Поврзани вести