Со мерките за енергетска ефикасност, државата ќе штеди 13 милиони евра годишно
Пониски сметки за 13 милиони евра ќе добива државата на годишно ниво само ако јавните институции ги имплементираат мерките за енергетска ефикасност, смета министерот за економија, Ваљон Сарачини.
Тоја на работилницата во Маврово, насловена „Преку енергетска ефикасност до развој на економијата“ истакна дека за оваа цел се потрбни 96 милиони евра кои покрај од буџетот, ќе се бараат со грантови и кредити. 10 проценти од парите веќе биле најдени, за останатите се воделе преговори.
Во услови на општ раст на цените на електричната енергија, смета тој, енергетската ефикасност не може да биде оставена на случајност.
„Таа директно влијае на конкуреноста и иновативноста на економијата и оттука наша цел и понатаму ќе остане нејзината примена и промовирањето на конкретни решенија и техники, како и создавање услови кои ќе бидат што подостапни за компаниите“, истакна Сарачини во Маврово.
Компаниите кои се енергетски ефикасни трошат помалку електрична енергија, забележа и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Вернер Хенгст.
„Нашите искуства покажуваат дека со оптимизација на процесите и користење на новите технологии може да се има огромно влијание на потрошувачката и трошоците за енергија“, додаде тој.
Пред една година, ЕВН Македонија и Министерството за економија ја започнаа платформата за енергетска ефикасност.
Слично
