Со мама на интервју за работа!
Замислете следнава ситуација : Вие имате 30 години и барате работа . Наоѓате предлог што ви се допаѓа , но уште пред да сте пратиле барање за работа , мајка ви веќе ѕвони на потенцијалниот работодавец , за да се информира за условите . Татко Ви пак, доаѓа со вас на самото интервју и со занес одговара наместо Вас на поставените прашања.
Сигурно ви е тешко да се идентификувате со таква ситуација. Во Италија, сепак, таа е секојдневје, објави Дојче Веле. Ова го потврдува една студија на најголемата консултантска фирма BP Sec , од што станува јасно дека многу млади невработени одат на интервју за работа заедно со член на семејството.
Ало, како се справи детето?
По нарачка на италијански претприемачи, консултантската фирма разговарала со над 1.000 кандидати за работа. Секој четврти од нив одел на интервју кај работодавачот заедно со еден од двајцата родители , а секој петти - со брат или сестра. Половина невработени, на првата средба со потенцијалниот работодавец, го воделе и својот партнер.
Придружните лица често влегувале на интервјуто заедно со кандидатот, а многу од родителите му заѕвониле по интервјуто на потенцијалниот работодавец , за да го сослушаат како се презентирало нивното дете и какви се неговите шанси да ја добие работата. Невработеноста принудува многу млади Италијанци да живеат долго заедно со своите родители.
Италијанскиот весник "Ил Соле 24 оре" коментира дека на овој начин родителите им прават всушност мечешка услуга на своите деца , бидејќи со присуството на интервјуто, тие сигнализираат дека нивното дете не е доволно само - а тоа едвај е особено добра препорака пред работодавачот. Италијанските медиуми потсетуваат во овој поглед, дека во моментов, Италија доживува тешка криза со рекордна невработеност , поради што се повеќе млади луѓе немаат материјалната можност да го напуштат родителското гнездо.
Миријам Верга , менаџер во еден луксузен хотелски комплекс крај езерото Комо , во неколку наврати ја преживеала опишаната ситуација:
„Имавме мал број кандидати за работа , кои доаѓале на интервјуто со едниот родител , а понекогаш и со двајцата . Мајките и татковците секогаш сакаат да присуствуваат и на самото интервју . И веднаш прашуваат за платата" .
Моќни и пресметливи
Посредникот за вработување, Антонио Бонардо вели дека предметните родители се обично од истата категорија: тоа се моќните, дури дрски мајки и татковци, кои не им веруваат ниту на работните посредници, ниту на менаџерите, кои ги спроведуваат интервјуата.
Бонардо раскажува и за една друга категорија родители кои оделе на интервјуата на своите синови и ќерки вклучувајќи и поради личен интерес - на принципот: „Ако детето не успее , може пак јас да го добијам местото".
А.А.

Слично