СО ЛОВЕЧКА ПУШКА ПРВО ГИ УБИЛ ДЕЦАТА, А ПОТОА УШТЕ ЦЕЛ СААТ ПУКАЛ КОН ДРУГИТЕ: Балканот не памети вакво злосторство
Во масакр каков
што Балканот не памети, Вук Бориловиќ (34) уби 11 луѓе во Цетиње во Црна Гора.
Крвавата треска почнала во сопствениот дом, каде што ги убил двете најмали
жртви - деца на возраст од осум и 11 години, а потоа уште саат време пукал во
соседите. Првите жртви биле две деца и нивната мајка, медицинска сестра во
Цетиње.
Бориловиќ го започнал крвопролевањето околу 15 часот и 30 минути во семејниот дом. Првите жртви биле членови на семејството кои живееле во неговата куќа како потстанари.
Убиецот прво ги застрелал децата, а потоа и нивната мајка. За жал, децата биле убиени на лице место, додека мајката била тешко ранета. Бориловиќ потоа го повикал сопругот на ранетата жена и му кажал што направил.
Според информациите на Стандард, еден од соседите се обидел да ги спаси децата но Бориловиќ ги убил и нив и М.М., кој се обидел да ги спаси. Бориловиќ го бркал М.М. околу дворот пред да го убие.
Убиени соседи по случаен избор
Потоа излегол од куќата и по случаен избор со истата ловечка пушка пукал кон жителите на населбата Медовина. Според очевидци, пукањето траело речиси еден час.
Подгорички „Дан“ соопшти дека убиецот во еден момент не дозволил Брзата помош да се приближи и да ги згрижи повредените. Потоа пукал во полицајците кои дошле на местото на настанот, при што тешко ранил еден полицаец кој бил застрелан во главата.
ФОТО: EPA/BORIS PEJOVIC