Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со лична карта до социјална помош

Со лична карта до социјална помош
Социјално загрозените граѓани,  во иднина правото на парична помош ќе може да го остварат само со лична карта, соопшти Министерот за труд  Спиро Ристовски. Ристовски објави дека Министерството за труд електронски се поврза со Агенцијата за вработување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. - Со оваа реформа, она што е најважно се намалуваат трошоците за остварување на правото на социјална помош за оваа ранлива група на граѓани. Имено, со овој начин граѓаните нема да мора да одат до институциите и да бараат самостојно потврди, што за нив до сега ова претставуваше дополнителен трошок – појасни министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.
Слично

Поврзани вести