Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со кредитниот договор Никозија ќе избегне нови перипетии

Со кредитниот договор Никозија ќе избегне нови перипетии

Кипар има потреба од меѓународен спасувачки кредит за да може економијата да и функционира, изјави денеска новиот министер за финансии, Харис Георгиадис, за државното радио РИК.

Во интервјуто тој ја изрази одлучноста на владата да исполни се што е договорено со меѓународните кредитори.

-Десетте милијарди евра се наменети за финансирање на нашите потреби и покривање на државниот дефицит, објасни тој.

Георгиадис подвлече дека кредитната спогодба е склучена и сега треба да се ратификува од останатите земји од еврозоната.

Според него, на овој начин земјата ќе може во текот на мај да ги добие договорените пари, бидејќи во овој период државната каса ќе биде испразнета.

Ако Никозија покаже доследност, ги примени сите договорки со Тројката меѓународни кредитори и ги почитува преземените рокови, ќе бидат избегнати нови перипетии за економијата и земјата, изјави Георгиадис.

Слично

Поврзани вести