Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со колкаво богатство располага министерот Дураки кој не го интересираат граѓаните?

Со колкаво богатство располага министерот Дураки кој не го интересираат граѓаните?

Една неумесна изјава некогаш е доволна за јавноста да му се нагледа на еден функционер посебно ако во неа ги употреби граѓаните.

Дека Садула Дураки не се занимава со граѓаните е изјавата која ја зовре јавноста а по кажаното министерот кој досега нема одржано ниту една прес конференција за проблемот кој ги гуши Македонците со години, набрзо кажа дека е лошо сфатен и новинарката ја пренела погрешно неговата порака.

Од мај минатата година Садула Дураки седна во фотелјата во Министерството за животна средина и просторно планирање и си обезбеди плата од над 72 000 денари.

Тој во имотниот лист пријавил земјоделско земјиште, стан, две моторни возила и девизна книшка.


Сепак, од се она што е наведено погоре, министерот на негово лично име има само моторно возило Ауди А4 1.9 2003/2003 проценето на 370.000 денари и девизна книшка на која има 21 000 долари.

На име на брачен другар Дураки пријавил земјоделско земјиште кое е во вредност од 922 илјади денари и моторно возило проценето на 120.000 денари.

На имот на родителите Дураки пријавил стан и земјиште.

Садула Дураки е роден на 21 јануари 1960 во Липково, Кумановско. Тој е македонски политичар од албанска етничка припадност. Дипломирал на машинскиот факултет при универзитетот во Приштина во 1990 година. Тој ги извршувал и функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство доаѓа од царинската управа каде ја вршел функцијата заменик-директор а јавноста денеска бара оставка од него.

Слично

Поврзани вести