Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со колкава дивиденда ќе ги израдува Скопска „Стопанска банка“ своите акционери?

Со колкава дивиденда ќе ги израдува Скопска „Стопанска банка“ своите акционери?

„Стопанска банка Скопје“ 2017 година ја заврши како втора најдобра година во својата долгогодишна работа а акционерите – иматели на сопствени акции добро ќе се офајдат од дивиденда.

2 милијарди денари дивиденда ќе им подели скопска „Стопанска банка“ на своите акционери а нето дивидендата по акција за секој акцонер е 105,3 денари или повеќе од 10 отсто принос во споредба со последната пазарна цена на таа акција.

Ова стои во предлог одлуката која ќе биде разгледувана од страна на акционерите на таа банка на 30 мај за кога е закажано собрание.

Бруто износ од 117 денари дивиденда за акција ќе добијат сопствениците на обични акции а нето износот по одбивање на данокот би бил 105,3 денари за акција. 

Во предлог одлуката пишува дека дивидендата на акционерите ќе им биде исплатена на 20 јуни годинава, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 12 јуни годинава.

Колку ќе се омрсат акционерите на „Стопанска банка Скопје“?


Колку дивиденда по обична акција добија акционерите во 2016 година?

Од добивката за 2016 година на имателите на обични акции беа исплатени 2,217 милијарди денари односно 127 денари во бруто износ. Во 2016 година беа исплатени уште 159 денари во бруто износ по акција, што значи дека вкупно во таа година акционерите на „Стопанска банка Скопје“ за секоја обична акција добиле по 286 денари дивиденда. Од тогаш до сега вклучително и дивидендата што е уште во предлог форма секој акционер има бруто принос од 403 денари за акција.

Како лани изработила „Стопанска банка Скопје“?

Нивото на нето приходи од камати лани е зголемено во однос на 2016 година и покрај тоа што се намалени вкупните приходи од камати во овој споредуван  период. Банката успеала да ги зголеми и приходите од провизии и од надоместоци до ниво од 981,8 милиони денари. Значаен раст има и кај останатите оперативни приходи кои се зголемени за 189 милиони денари односно за 55 отсто во однос на 2016 година. Банката лани успеала да оптимизира и со нефинансиските средства кои ги има на располагање и загубата на нивната вредност да ја намали за 28 отсто односно за 44 милиони денари во однос на 2016 година. Трошоците за вработени, амортизацијата и останатите трошоци од дејноста се во рамки на трошењата за тие ставки во 2016 година. Така банката стигнала до заработка по акција од 117 денари што е за 11 денари послабо од 2016 година. 

Слично

Поврзани вести