Со колкава цена нафтата ја завршува оваа 2021 година?
На крајот од оваа календарска година цените на нафтата се над 79 долари.
Во 2022 година се очекува дека цените ќе растат. На повидок е закрепнување на побарувачката. На лондонскиот пазар цената на барелот е 79,50 долари, а на американскиот 76,89 долари. Во Лондон цената на нафтата би требало да ја заврши 2021 година во плус од 53 отсто, а на американскиот пазар се движи кон добивка од 58 отсто. Највисоките цени нафтата оваа година ги достигна во октомври, кога со барелот на лондонскиот пазар е тргуваше по 86,70 долари, а на американскиот по 85,41 долар.
Слично
