Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со кои земји Македонија најмногу тргувала годинава?

Со кои земји Македонија најмногу тргувала годинава?

Во периодот јануари-септември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република  Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 195 857 543 илјади денари и бележи пораст од 6.1% 
во однос на истиот период од претходната година. 

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-септември 2016  година, изнесува 274 167 433 илјади денари што е за 6.4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика. 
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-септември 2016 година, изнесува 78 309 891 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-септември 2016, изнесува 71.4%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и  нивните легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.



Слично

Поврзани вести