Со калашников пукале кон домот на новинарка
Непознати сторители во три часот полноќ со автоматска пушка пукале во домот на родителите на истражната албанска новинарка, Клодиана Лала.
Полицијата информираше дека десет куршуми завршиле во ѕидоците на објектот, прозорците и влезната врата.
Во пукањето нема повредени. Во ќуката биле нејзините родители, братот и сестрата, а Клодиана со сопругот и двете малолетни деца, нешто по полноќ заминале во нивниот дом.
Според медиумите ова е најверојатно само предупредување до новинарката мислејќи дека таа со семејството е тука, каде што често останувала и да преноќи.
Лала е позната по нејзините истражни стории, во кои открива многу случаи на корупција во кои се вмешани и лица од власта.
Остра осуда за инцидентот најпрво приситгна од здружението на новинарите, кое оценува дека ова е прв обид начин како да се замолчи новинарството. Инцидентот го осудија и претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама, мисијата на ОБСЕ, како и граѓански организации и други политички партии.
Новинари и претставници на албанските медиуми, на кои им се придружија и граѓански организации и жители на Тирана, вечерва одржаа протестен марш на плоштадот „Народни херои“ во знак поддршка на Лала.
