Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со каква среќа влегуваме во новата 2015 година!?

Со каква среќа влегуваме во новата 2015 година!?
70% од луѓето во светот велат дека се среќни од животот, што е за 10 отсто повеќе од минатата година, покажуваат податоците од 38-тото издание на истражувањето "Крај на годината" на "Галуп интернешнл". Во регионот на Источна Европа среќни се 58% од испитаниците, а 6% изјавиле дека не се. 33% остануваат "во средината". Фиџи е земја со најголемото среќно население во светот (93%), додека на дното на листата е Ирак со 31%. Африка изгледа како најсреќниот регион во 2014 година (83% позитивни одговори), следена од Азија (77%). Најсреќната земја во Западна и Источна Европа е Финска, каде што 80% од луѓето се декларираат дека се среќни. Најнесреќна нација во Источна и Западна Европа, пак, е Грција, каде 24% од испитаниците изјавиле дека се несреќни или многу несреќни, што не е изненадувачки имајки ја предвид неодамнешната економска криза во земјата и последните политички настани. Во глобална перспектива истражувањето покажува дека околу половина (53%) од анкетираните мислат дека 2015 година ќе биде подобра од 2014 година - 5 процентни поени повеќе во споредба со минатогодишното издание на истражувањето. Процентот на оние кои сметаат дека годината која доаѓа ќе биде полоша, паѓа со 5 процентни поени во споредба со минатото издание на истражувањето - до 15%. Африка (75%) и Азија (63%) се најголемите оптимисти за следната година. Обратно, Источна Европа и регионот на Блискиот Исток, Северна Африка и Западна Европа се покажаа како најголеми песимистички региони - односно со 28%, 27% и 26% кои мислат дека 2015 година ќе биде полоша од 2014 година Нигерија се покажува како позитивно поставената земја за 2015 година, бидејки 85% од интервјуираните таму сметаат дека 2015 година ќе биде подобра. Либан пак е песимистички - само 26% изјавуваат дека веруваат во подобра нова година, а 52% сметаат дека годината која доаѓа ќе биде полоша. Во источноевропскиот регион одговорите на оваа тема се поделени по околу една третина оптимизам песимизам и "без промена". Во западноевропските земји анкетираните продолжуваат да веруваат дека економиите ќе страдаат во 2015 година, а 44% изразуваат мислење дека годината ќе биде иста каква што беше и 2014-та, 40% сметаат дека ќе биде тешка година, а само 12% изјавиле дека 2015 година ќе биде година на економски просперитет. Овие слика е продолжение на минатогодишната, кога 42% веруваа дека годината која доаѓа ќе биде година на економски тешкотии, а само 11% - дека ќе е година на просперитет. Оптимист во целина, Нигерија се покажа како најоптимистичките и за економијата со 80% вера во просперитет во следната година. Најмногу песимистички земји се Франција, Србија, Грција и Белгија со соодветно 57%, 56%, 54% и 54% сметаат дека следната година ќе биде година на економски тешкотии, и само односно 6%, 15%, 12% и 4% верници дека таа ќе е успешна. Во годината во која одбележуваме едно столетие од почетокот на "Големата војна", вреди да им го поставиме на луѓето прашањето дали би посакале да се борат за својата татковина, истакнуваат од Галуп. Во глобални рамки 60% тврдат дека би зеле оружје за земјата, додека 27% не изразуваат слична желба. Западноевропејците се покажаа како најмногу претпазливи во желбата да се борат за својата татковина - со скромните 25% сакаат, додека повеќе од половина велат дека не би војувале за знамето. Тоа сликовито е во контраст со одговорите во арапските земји од Блискиот Исток и Северна Африка, каде што 77% изјавиле желба да војуваат за својата земја. Во азиските земји овој процент е 71%. Во САД 44% се подготвени да се борат за својата татковина, додека во Велика Британија - само 27%, Франција - 29%, и Германија - 18%. Иако е добро познатата склоност кон неутралност на Швајцарците сепак 39% изјавиле дека се подготвени да тргнат во војна за заштита на татковината. За Италијанците се испоставува дека немаат голема желба да се фатат за пиштол - 68% изјавиле дека би одбиле да го сторат тоа. "Додека изгледите за глобалната економија остануваат непредвидливи, тогаш нашата среќа одбива да биде нарушена и останува на високо ниво на целата земјина топка. Овогодинешната студија убедливо покажа дека луѓето во светот се исполнети со поголем оптимизам и веруваат дека 2015 година се очекува да биде една добра година ", резимира Жан-Марк Леже, претседател на Здружението Винг /" Галуп интернешнл ". K.K.
Слично

Поврзани вести