Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со каква цена златото ја заврши неделата?

Со каква цена златото ја заврши неделата?

Цените на златото се повлекле во петокот од врвовите кои беа постигнати претходно, поради политичката неизвесност во САД. 

На цената влијаеја и терористичките напади во Шпанија, објави Инвест.ком.

Фјучерсите на златото паднаа за 0,16% на 1,290.27 долари во петокот на платформата Comex во Њујорк. Претходно, цената се зголеми на 1.306,9 долари, што беше највисоко ниво од ноември минатата година. 1300 долари е клучна психолошка граница за многу инвеститори.

За минатата недела, цената на златото падна за 0,2%.

Од почетокот на годината, цената на златото се зголеми за околу 11% во голема мера поради слабиот долар.

Во петокот, среброто ја заврши на седмицата на 16,98 долари за унца, а бакарот остана на 2,99 долари за килограм. 

Слично

Поврзани вести