Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со јапонски пари реновирани најфреквентните клиники во државата

Со јапонски пари реновирани најфреквентните клиники во државата

Безмалку половина милион евра пари од Јапонија ги реновираа Универзитетските клиники за гинекологија и акушерство и за дигестивна хирургија, како и на Институтот за белодробни заболувања кај деца – Козле преку Грант програма за мали проекти.

Според надлежните овие проекти се доста значајни и ќе го подобрат  пристапот, но и квалитетот на услугата која таму се пружа.

Кеико Ханеда јапоснката амбасадорка во земјава е задоволна од реализираните проекти додека пак министерот Венко Филпче и упати благодарност на амбасадата на Јапонија за помошта.

-Трите клиники добија нов лик за краток период во сектори каде е најпотребна помошта, а ќе донесат  и заштеди за клиниките бидејќи со реконструкцијата се обезбедува и енергетска ефикасност“- кажа пак вицепремиерот Бујар Османи, кој е национален координатор за странска помош .

Слично

Поврзани вести