Со „Изи Џет“ летајте од Скопје до Женева
Македонците од 1 ноември оваа година со нискобуџетската компанија од Велика Британија „Изи Џет“ ќе летаат на релација од Скопје до швајцарскиот град Женева. Летот ќе трае два часа и 15 минути.
Ќе има по два лета во неделата, секој понеделник и петок, а од декември ќе следи зголемување на три лета неделно.
„Ако сте по евтини летови, тогаш дојдовте на вистинското место“, пишува на веб страницата на оваа компанија.
Анализите на ОАГ, во 2019 година во време на пандемија на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, а лани само нешто повеќе од 600 патници, објави „exyuaviation.com“.
Слично
