Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со испорака на чај ќе го подмират долгот за нафтата која ја добиваат од Иран

Со испорака на чај ќе го подмират долгот за нафтата која ја добиваат од Иран

Шри Ланка со чај ќе го исплати долгот на Иран за нафта. 

Земјата планира да го подмири долгот за увезената нафта од Иран со месечни плаќања во чај. Дека вака ќе се отплати долгот денеска најави министерот за земјоделство на Владата на Шри Ланка, Рамеш Патирана.

Тој потврди дека неговата влада има намера да испраќа чај во вредност од 5 милиони долари во Иран секој месец за да го отплати вкупниот долг за иранската нафта, кој изнесува 251 милион долари, пишуваат светските медиуми.

Шри Ланка е во сериозна должничка и финансиска криза влошена со губењето на приходите од туризмот за време на пандемијата на коронавирус. Во минатото оваа земја се соочила и со висока инфлација. 

Слично

Поврзани вести