Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО ГРАНАТИ НА ВЛАДАТА: Реприза на инцидентот во 2007 година?!

СО ГРАНАТИ НА ВЛАДАТА: Реприза на инцидентот во 2007 година?!
Министерството за внатрешни работи не може да излезе со повеќе детали во врска со нападот со проектили врз владината зграда синоќа додека не заврши вештачењето на пронајдените проектили, што се забиле непосредно до фасадата на Владата. Полицискиот билтен за овој инцидент содржи само куса информација: „На 28.10.2014 година околу 22,00 часот пријавено е дека во близина на Владата на Р. Македонија се слушнале две детонации. По неколку часа, на фасадата на  зградата во која е сместена  Владата  на Р. Македонија пронајдени се два забиени проектила.  Извршен е увид, проектилите се подигнати и предадени на вештачење“, се вели во билтенот на МВР. Од МВР за Фактор велат дека за мотивите за нападот и можните сторители не може да се зборува додека не заврши вештачењето. Се уште не се знае за кој тип на проектили се работи, аповеќе информации се најавуваат за денешниот ден. Реакција за инцидентот се уште нема ниту од Владата. Сличен инцидент се случи во 2007 година. Два проектили беа испукани кон владината зграда, при што еден заврши во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“, а другиот во бетонско ѕидче пред јапонскиот конзулат пред Владата. Тогашниот владин портпарол Ивица Боцевски го оквалификува инцидентот како „терористички напад“ врз македонската Влада, заради што беше критикуван во јавноста заради непотребно заплашување на јавноста. И тогаш, како и во вчерашниот инцидент, нападот се случи во ноќните часови и немаше повредени. Но, до денеска сторителите на овој чин не се откриени ниту беше утврдена локацијата од која дошле проектилите. Два проектили испукани кон Владата, МВР ги бара сторителите  
Слично

Поврзани вести