Со граѓански пораки напишани на листови против барокот на ГТЦ
Синоќа, граѓани на Скопје со пишување пораки го искажуваа својот револт против идејата ГТЦ да биде во барок. Пораките ги ставаа во кутии на кои беа испишани адресите до каде што сакаат да стигнат.
Една од кутиите ќе им биде доставена на архитеките кои учествуваат во намерите да се промени изгледот на Градскиот трговски центар, а другата кутија ќе им биде предадена на надлежните од управата на ГТЦ.
-Очекуваме граѓаните да кажат што мислат, овие пораки ќе се собираат уште неколку дена, а после ќе бидат доставени до сите за кои се наменети. Мојата главна порака и моето мото со кое сум во акција е дека кај нас тече барок, меѓутоа ГТЦ треба да остане градски, тоа е дел од нашиот идентитет, не само на Скопјани, тука сите доаѓаат. Ние сме идентитески поврзани со отворен простор со кој имаме интеракција, ова е модерна чаршија, правен е така, да не се примети дека нешто има, се приметува само внатре кога ќе се најдете, дека сте во нешто, вели Никола Писарев, историчар на уметност.
Акцијата за зачувување на сегашниот изглед на ГТЦ почна минатата недела со акцијата „Да го гушнеме ГТЦ“.
Слично
