Со гнезда за орлите, МЕПСО ќе спречува дефекти во мрежата
Со поставување на 10 платформи за гнездење на орлите, Мепсо ќе ги заштитува своите постојки од можните евентуални дефекти кои се случуваат кога гнездата не се соодветно обезбедени со заштитна мрежа. Ова е втора соработка на компанијата со Македонското еколошко друштво (МЕД), а платформите ќе се поставуваат на високонапонски далеководи (400 kV), на потегот Чардаклија - Стрмош, во околината на Штип и Пробиштип. Тие претставуваат замена за природните гнезда на царските орли коишто главно гнездат на стари дрва. Овие птици поради сечење или гниење на старите дрва, често се принудени да ги градат своите гнезда на високонапонските далекуводи (110kV и 400kV).
Платформите се добро решение и за царскиот орел и за МЕПСО, велат екологистите. Популацијата на царскиот орел којшто е преселен вид и живее на степски и отворени подрачја, бележи благ пад на национално ниво, а неговиот број во Македонија е намален и како последица на усмртување од електричен удар. Поставувањето на платформите за гнездење ќе биде целосно спроведено од техничкиот персонал на Подружницата Оператор на преносна мрежа (ОПМ), Сектор за далеководи при МЕПСО.

Слично