Со гитара во рака, по парче леб!
Јана Гигова како студент и млада личност, вели, ги подржува студентите од Студентскиот пленум, кои на улица ја бараат својата студентска и граѓанска правда и веруваат во себе. Таа ги подржува со музика, но очекува надлежните конечно да се одважат и сериозно да ја сватат пораката на студентите. Во спротивно,смета, за кратко време може да се соочат со уште поголем бран на млади луѓе кои ќе заминат од земјава.
Добар дел од младите и талентирани студенти и уметници тешко стигнуваат до работно место. Мора да се борат со суровата вистина дека и покрај талентот, креативноста и желбата да го работат она што го учеле и најдобро го знаат, во реалноста не оди се така лесно.
Дваесет и две годишната студентка по соло пеење Јана Гигова, од кога знае за себе е опкружена со музиката. Растела во музичко семејство, во кое се негувала не само оваа уметност, туку и поезијата, театарот, сликарството. Иако е ќерка на познатиот музичар Сашо Гигов-Гиш, таа никогаш не го користела тоа како можност полесно да се протне во светот на музиката и познатите фаци.
Напротив, оваа млада ведра и талентирана девојка сама го заработува лебот. Со својот најверен пријател гитарата - на улица. И не се срами од овој вид музицирање, туку напротив сака истото да го издигне на повисоко скалило. Вели, кај нас на уличните уметници граѓаните сеуште гледаат со сожалување и недоверба, а во европските метрополи на овој начин заработувале и заработуваат многу познати музички имиња. Она што единствено ја разочарува младата музичарка е што нема доволно финансии да го продолжи студирањето. Кај нас вели е тешко сам да заработиш и за егзистенција и за школување. А, таа сака сама да се бори низ животот, не на туѓ грб или со партиска книшка.
“Активно почнав да свирам на почеток на средно. Завршив нижо музичко училиште во “Илија Николовски- Луј”, дополнително во средно одев и во школата на Валентино Скендеровски “Ентерпрајз”, а потоа продолжив на џез академијата. Набрзо се префрлив на Универзитетот за аудиовизуелни уметности “ЕСРА”, но поради финансиите морав да ги прекинам студиите. Во јуни на почетокот на летото почнав да пеам на плоштадот, на улица Македонија и во Градскиот Трговски Центар. Прво во Скопје ми беше срам и чудно да свирам на улица. Свирев по некои кафулиња и клубови, но за жал кај нас повеќето газди немаат слух за музиката како уметност која бара многу вложување и знаење. Едноставно сакаат само профит, а музичарот да пее за што помалку пари. Затоа почнав да свирам и пеам на улица. Дополнително, немора да си опкружен со пијани фаци и дим од цигари”-раскажува младата музичарка Јана.
Јана свири на сите ударни инструменти, но гитарата и е омилениот инструмент. Нејзините улични настапи го привлекуват вниманието на се повеќе случајни и намерни минувачи. Вели, некои граѓани сеуште скептично и со предрасуди гледаат на овој вид на музицирање. Други пак се воодушевени од нејзините настапи. Околу празниците очекува да има повеќе народ и повеќе пари за неа.
“Кај нас сеуште немаме изградено култура кон уличната уметност. Иако добар чекор е што преку проект на град Скопје добар дел од учениците од средно музичко, студенти па и анонимни уметници се ангажирани и почнаа да земаат минимален хонорар, сепак треба уште многу да се направи сериозно да се живее од овој начин на музика. Јас не се жалам, ја сакам музиката и ништо не ми е тешко, но сепак мора да се споменат временските услови од кои зависи дали и колку ќе заработиш, потоа финансиската моќ на граѓаните и сл. Сега околу празниците има поголема фрекфенција на луѓе па има логично и повеќе работа и повеќе пари. Имам и доста свои свои композиции кои ги свирам на моите настапи и одлично се прифатени” -вели Јана.
Иако е сеуште студент, таа сериозно гледа на музиката и вложува во неа. За младата музичарка не се тешки ниту опремата, ниту настапите. А, досега ги имала многу. Како предгрупа на концертната промоција на Foolish green, Repetitor. Дополнително, вели сеуште и се свежи клубските свирки и џез настапот во Приштина како гостинка на промоција на албумот на познатиот музичар, бубњарот Несим Махуни кој бил проследен и од тамошните медиуми. Потоа, раскажува и се отвориле уште неколку настапи во приштинските џез клубови.
Размислува да ја напушти Македонија
Она што за младата и талентирана музичарка е најголема препрека е што кај нас се помалку се цени и се инвестира во вистинскиот талент. Музиката, нагласува, не се учи со сила,неа едноставно мора да ја сакаш и да ја чувствуваш. Според Јана, мизичката уметност, конкретно баскерскиот тренд на музицирање, треба сериозно да биде сватен, респектиран и институционално подржан. Но, за жал вели, тоа во земјава секогаш не е така. Па затоа, имаме школувани музичари кои чекаат работа, а со партиска книшка влегуваат просечни и под просечни кадри.
“Често граѓаните знаат да застанат, да ме слушаат и да уживаат во мојата музика. Ме фасцинираше кога мајки со деца летово застануваа, а понекогаш остануваа и до крај на настапот. Како на концерт. И другиот ден повторно ги гледав истите фаци. Тоа задоволство и духовна храна неможе да се купи со ништо, бидејќи едноставно ако не знаете како, неможете да го привлечете вниманието на обичниот минувач. Мене тоа ми успева и тоа ме прави најсреќна. Дали ова би можеле да го постигнат некои кои незаслужено седат во фотеља или на работно место кое не го заслужуваат и му го зеле лебот на некој кој вреди? Не! Е, тоа е она што ме прави поразлична од нив. Верувам само дека сепак квалитетот ќе излезе, кога тогаш, на површина”- додава Јана.
Досега покрај настапите во Скопје, топло е примена и во другите градови. Вели таму има дури и подобро дружење. Иако се помали места младите знаат да уживаат во рок, џез изведби. Музиката е првата , но не и единствена љубов на младата музичарка. Таа подеднакво добро дизајнира, монтира, компонира, слика. Пишува поезија и проза и е дел од многу културни манифестации, поетски читања. Верува дека еден ден ќе ги сними своите песни и ќе најде вистинска работа во која ќе може да ги вклопи знаењето и креативноста. Ова вели, го работи бидејќи засега нема подобро платена работа која би ја работела. Таа сака она што ќе биде нејзина професионална преокупација да го работи со љубов и посветеност.
“Јас сериозно размислувам да заминам надвор. Досега неколку пати со гитарата во рака, авантуристички и автостоп сум заминала низ Европа. Што од радозналост, што да заработам. Она што го видов и искусив во повеќе градови, меѓу кои Виена, Прага, Берлин,Женева, Љубљана, беа различни култури и традиции, но сите со истенчен вкус за квалитетна музика.Единствено во Виена е поразлично од секаде, бидејќи тие и немаат баш баскерски навики. Таму живеат во префинетост и “моцартовски музички филм”. Но, сепак се заработува многу повеќе од овде бидејќи дури и скромни и обични луѓе застануваат да ве чујат и тоа не им е финансиски проблем. Кај нас за жал е поинаку, бидејќи она што во Македонија е просечна плата, кај нив е социјална помош. Тие не се грижат за храна и сметки, како да го изгураат месецот бидејќи цените се слични како нашите, а стандардот тројно поголем. Дополнително што скоро никој не се грижи за политика или за тоа како живее другиот. Си имаат свој живот и уживаат во едноставни нешта. Ние сме многу назад и оптоварени само со сиромаштија и како да се скрпи крај со крај. Тоа ја труе уметноста, ја труе и младината-вели Јана.
Јана Гигова како студент и млада личност, вели, ги подржува студентите од Студентскиот пленум, кои на улица ја бараат својата студентска и граѓанска правда и веруваат во себе. Таа ги подржува со музика, но очекува надлежните конечно да се одважат и сериозно да ја сватат пораката на студентите. Во спротивно,смета, за кратко време може да се соочат со уште поголем бран на млади луѓе кои ќе заминат од земјава. И нејзините планови се многу блиску до оваа идеја. Земја која широко ги отвара вратите за младите луѓе е Малта. Тоа, вели Јана можеби ќе биде и нејзина следна дестинација за работа и живеење.
С.Б.

Слично