Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со гемански пари, Косово и Албанија ќе градат нов далновод

Со гемански пари, Косово и Албанија ќе градат нов далновод
За две години треба да биде завршен новиот далновод на Косово и Албанија. Двете држави вчера во призрен потпишаа спогодба за изградбата, а  далноводот со моќност од 400 киловолти и должина 241 километар, треба да им помогне да ја задоволат растечката побарувачка.  Изградбата ќе ја помогне Германија со 74,5 милиони евра при што  половина од сумата е донација,  другата половина заем од германската банка Ка-Еф-Ве. „Овој далновод ќе им помогне на операторите на двете земји да работат како единствен систем за дистрибуција и ќе биде од взаемна корист за граѓаните на двете држави“, изјави косовскиот министер за економски развој, Фадил Исмаили . Според министерот за енергетика на Албанија Дамјан Гикнури, ова е нов доказ за соработката меѓу двете земји.  
Слично

Поврзани вести