Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со фалсификувани евра нема членство во ЕУ

Со фалсификувани евра нема членство во ЕУ

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска изјави дека без борба против фалсификувањето на еврата Македонија не може да стане членка на Европската унија.

Според министерот, постоењето на капацитети за борба против фалсификувањето на евра е еден од основните предуслови предвидени во поглавјето 24.

- Колку побрзо ќе ги изградиме овие капацитети толку подобро за процесот на преговори, но и подобро за зајакнување на нашите институции во зголемување на капацитетите и нивната стабилност, со што ќе се зголеми довербата на граѓаните, рече Спасовски на конференцијата „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување на евра“ што се одржува во Скопје

Тој рече дека прва воспоставена мерка е централната канцеларија за истраги во областа на фалсификувањето на пари. Проектот го надгледува германската Бундесбанк.

„Крајни корисници на резултатите во рамките на проектот се Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност и Народната банка на Република Македонија“, додаде Спасовски.


Слично

Поврзани вести