Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со европски пари нов лик добија осум железнички станици

Со европски пари нов лик добија осум железнички станици

Со пари од ЕУ нов лик добија осум железнички станици во Македонија. 

Проектот за реконструкција на 10 железнички станици  е во завршна фаза. Досега е завршена целосната санација на објектите во Велес, Неготино, Демир Капија, Чашка, Табановце, Градско, Богомила и Прилеп, потврди министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски. 

Реновирани се билетарите, чекалните, санитарните јазли, покривите и фасадите на железничките станици. Со инвестицијата беше променета водоводната и електричната инсталација, при што беа инсталирани и нови системи за греење и ладење, системи за сигнализација и информирање на патниците.

„Реконструкцијата на станицата во Битола е во завршна фаза, а пред извесно време започнавме со реконструкција и на последната станица во Гевгелија во рамките на овој проект“- напиша Мисајловски на својот профил на „Фејсбук“. 

Со изградените рампи станиците се достапни и за лицата со инвалидитет. 

Инвестирани се 2,3 милиони евра од Европската комисија и од ИПА фондовите на Европската унија за реновирање на станиците. 

 

Слично

Поврзани вести