Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со еврообврзница ќе се „крпи“ дупката во Буџетот за догодина

Со еврообврзница ќе се „крпи“ дупката во Буџетот за догодина
Издавање на државни хартии од вредност на домашниот пазар, но и нова еврообврзница најавува министерот за финансии Зоран Ставрески за да се покрие буџетскиот дефицит што државата го планира за идната година. „Висината на износот на еврообврзницата ќе се проектира според потребите за покривање на буџетскиот дефицит за следната година и да овозможи отплаќање на обврските кон странство, но притоа ќе се има предвид да се обезбедат доволно средства под поволни услови на пазарот“, вели Ставрески. Тој додава дека појасна слика за тоа колкав ќе биде износот на еврообврзницата Владата ќе добие кога ќе го заочне планирањето на следниот буџет. Ставрески денеска се сретна со претставниците на Меѓународниот моментарен фонд кои беа во двонеделна посета во Македонија. Прогнозите на ММФ се дека растот од 3,5% од БДП за годинава е остварлив, Но, во истовреме, се предупредува Владата да не го зголемува буџетскиот дефицит. „Фискалната политика треба да се фокусира на исполнување на таргетот за дефицитот од 3,5% од БДП. Приватната потрошувачка сега е зајакната што значително придонесува за постепено повлекување на фискалниот стимулс. Задржувањето на фискалниот дефицит на централната државна власт ќе биде важно за да се задржи одржливоста на долгот“, вели Ивана Владакова Холар од ММФ.  
Слично

Поврзани вести