СО ЕСТЕТСКИ КОРЕКЦИИ УНАКАЗИЛА 11 ЖЕНИ - Маркановиќ е уапсена во обид да ја премине границата со Хрватска
Надрилекарката Олгица Маркановиќ е уапсена денес кога се обидела да ја премине границата со Хрватска. Таа е упште една осомничена за надрилекарство. Неа ја пријавило Здружението на интердисциплинарна естетска и анти-стареечка медицина на Србија „СЕСИАМ“.
Засега, Маркановиќ е осомничена за неовластено давање на медицински услуги од областа на естетиката и предизвикување здравствени проблеми кај 11 жртви кои контактирале со полицијата.
Како што претходно изјави за Курир.рс една од девојките, која вели дека отишла во споменатиот салон да го намали носот и да ги крене веѓите, а излегла со изгорено лице, тие не се заинтересирани за пари и надоместок.
Инаку, по наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, денеска била уапсена Маркановиќ.
Засега, Маркановиќ е осомничена за неовластено давање на медицински услуги од областа на естетиката и предизвикување здравствени проблеми кај 11 жртви кои контактирале со полицијата.
Таа е обвинета за сериозни злосторства против здравјето на луѓето, надрилекарство и надриаптекарство, како и за неовластено ангажирање во одредени активности, а ќе биде испрашувана во обвинителството во рок од 48 часа, објави обвинителството.

По пријавите и проверките во Министерството за здравство, Обвинителството изврши дополнителни проверки, по што беше утврдено дека, засега, 11 жртви пријавиле во полиција, кај кои осомничената предизвикала здравствени проблеми од неовластени медицински услуги од областа на естетиката. Одредени лица, покрај телесните повреди, имаат и сериозно нарушено здравје.
Утврдено е дека таа ги давала горенаведените услуги долго време во „Медицинскиот и естетски центар Тајас“ во Белград на улицата Дринишка, без одобрение или лиценца на Министерството за здравство на Република Србија, спротивно на законот за здравствена заштита и регулативи со кои се регулира обезбедувањето такви услуги.
По распитот на осомничената, и во зависност од презентираната одбрана, обвинителството ќе одлучи дали ќе побара притвор за Маркановиќ.
Исто така, тие ќе ги испитаат сите оштетени страни и сведоци, ќе назначат вештачење на телесните повреди на оштетените и, доколку е потребно, ќе преземат и други потребни доказни дејства за да се донесе одлука, нагласи обвинителството.
Извор: Курир.рс / Танјуг
