Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со еден потег Трамп ја снижи цената на нафтата

Со еден потег Трамп ја снижи цената на нафтата

Американскиот претседател, Доналд Трамп повика ОПЕК да „олабави” со високите цени на нафтата.

Тој смета дека цените се превисоки. 

Цените на нафтата реагираа и на позитивните вести од трговските преговори помеѓу САД и Кина, велат познавачите. 

Денеска на Твитер, претседателот ја повика ОПЕК да не презема мерки за зголемување на цените на нафтата кои „стануваат превисоки”.

„ОПЕК, ве молам олабавете и смирете се. Светот не може да поднесе зголемени цени – тој е кревок!“, напиша Трамп.

Твитот создаде видлив пад на цените на нафтата на светските берзи. Цените на поставките за мај на нафтата „Брент” кон средината на денот се намалија до 66,33 долари за барел, додека цените на априлските поставки за тексашката „лесна” нафта достигнаа 56,49 долари за барел.

Ова не е прв пат Трамп да повика да се воздржи ОПЕК од зголемување, истото го правел и во минатото. 

Инаку, од почетокот на годината до денес цените скокнаа за 20 отсто.

ОПЕК заедно со партнерите надвор од групата како Русија, договорија намалување на производството за 1,2 милиони барели дневно во оваа година, за да ги урамнотежат понудата и побарувачката и да поддржат раст на цените.

Аналитичарите на Голдман Сакс објавија дека „краткорочните процени за цената на нафтата е дека во следните два-три месеци скромно ќе расте“, но дека се очекува во 2019 да биде пониска поради зголемувањето на американскиот извоз и „сѐ поголемите несигурности околу економскиот раст, политиката и геополитичката заднина“.

Слично

Поврзани вести