Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со булдожери го урнаа ѕидот во Косовска Митровица

Со булдожери го урнаа ѕидот во Косовска Митровица

Србите од северниот дел на Косовска Митровица, го урнаа ѕидот на брегот на реката Ибар на нивната страна кој го делеше градот на српски и албански дел.

Два булдожерi и неколку работници биле ангажирани на уривањето на ѕидот кој предизвикуваше тензии меѓу Белград и Приштина. Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ, постигна договор со претставниците на косовските власти и меѓународната заедница за обновување на пешачката зона. Овој предлог едногласно го поддржаа и советниците во Советот на општината Косовска Митровица. Уривањето на ѕидот, како прв знак на попуштање на тензиите меѓу Белград и Приштина со седмици наназад беше предмет на разговори меѓу двете делегации и во средата во Брисел, под покровителство на Европската унија. 

„Со новиот план е предвидено новоизградената конструкција да биде исполнета со клупи свртени кон пешачката зона. Височината на првиот дел ќе биде 40 сантиметри, додека следната структура ќе биде 70 сантиметри, а широчината на двете структури ќе биде по 60 сантиметри што заедно прави 1,2 метри“- вели Ракиќ.

Тој повтори дека ѕидот поради кој претходните денови и месеци имаше несогласувања и тензии, не е изграден поради ограничување на слободата на движењето, туку поради безбедноста на пешаците во пешачката зона.

Пристапот до пешачката зона ќе им биде дозволен само на возилата на брзата помош, полицијата и протовпожарната служба.

Косовските власти во изградбата на ѕидот видоа политичка димензија. 

Слично

Поврзани вести