Со брод од Охрид до Поградец – најава за воведување чартер линија
Воведувањето на бродска лининија меѓу Охрид и Поградец повторно се најде на дневен ред на средбата на македонскиот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, со неговите колеги од Албанија и Република Косово, министрите Едмонд Хаџинасто и Фихми Мујота.
Според Јанакиески, бил предложен и детален план за тоа како ќе се организира оваа бродска линија, бидејќи во различни периоди , различен е интересот на граѓаните. До 17 јануари, властите на Албанија треба да одговорат на оваа идеја.
„Темата која ја дискутиравме со мојот колега од Албанија, е сезонска или чартер бродска линија помеѓу Охрид и Поградец бидејќи од изминатиот период се утврди дека нема интерес за воспоставување редовна линија. Предложивме детален акционен план како би одела целокупната постапка за пасошка контола, царинска контрола и слично. Треба тој предлог да го разгледаат во Република Албанија и на 17-ти јануари да се изјаснат“, изјави Јанакиески.
Покрај идејата за воведување на бродската линија Охрид - Поградец, главна тема на средбата била лиеберализацијата на транспортот на стоки и услуги, а како дел од мерките за подобро инфраструктурното поврзување меѓу трите држави Македонија, Албанија и Косово. Денешната средба се одржа во Охрид.
Слично
