Со боење на Собранието заврши протестот на „Шарената револуција“
Пред Собранието ечеше песната „Во борба, во борба“, по што со катапулт зградата беше обоена.
Повеќемина говорници се обратија пред присутните на протестот. Рената Јајоска од СДММ кажа дека бараат да се повлече аболицијата и да одговараат сите што направиле криминал. Демонстрантите се истрајни и не се откажуваат од барањата.
„Македонија стана рекорд на иселување на младите и дека се вработува со партиска книшка, а не со диплома“ - беше кажано на протестот.
Лидија Димовска од СДСМ рече дека корупцијата, по дефиниција е нечесно работење на власта.
„Шарената револуција“ трае шест недели, а се протестира во 23 градови низ Македонија.
Слично
