Со Биткоин може да се плаќа и во ресторан
Русија оди чекор понапред во прифаќање на биткоинот како легитимна валута, па така ресторанот Валенок лоциран во Москва започна да прифаќа плаќање со криптовалутата од гостите.
Сакаме да одржиме темпо со новото време. Ако има побарувачка од гостите за наплата со биткоин, ние дури ќе инсталираме специјални автомати за менување на биткоини за одредена услуга која тие ќе ја побараат од нас, посочи Михаил Петунков портпаролот на ресторанот Валенок.
Наскоро има најави дека и синџирот на ресторани Бургер Кинг во Русија исто така ќе започне да прима плаќања во биткоин од муштериите бидејќи оваа криптовалута е призната од страна на Руската централна банка. На светските берзи биткоинот стигна просечна цена од 2500 долари.
Слично
