Економија, финансии, бизнис

Контакт

СО БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ МАСОВНО ЗАМИНУВАЊЕ: Австриски „Heute“ за иселувањето од Балканот

СО БИЛЕТ ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ МАСОВНО ЗАМИНУВАЊЕ: Австриски „Heute“ за иселувањето од Балканот

Под наслов „Оваа балканска земја секоја година губи цел град“, австрискиот таблоид „Heute“ денеска пишува дека продолжува иселувањето на населението во Босна и Херцеговина. Истиот извор посочува дека иако поминаа божиќните и новогодишните празници, стотици патници секојдневно заминуваат од БиХ во странство. И тоа „без повратен билет“. Забележува дека демографската статистика покажува дека Босна и Херцеговина поради емиграцијата „губи цел еден град годишно“.

Како што забележува таблоидот, демографската ситуација во Босна и Херцеговина е многу загрижувачка. Подолу е пример од автобуската станица во Тузла:

„Во недела се случуваат сцени во Тузла, третиот по големина град во Босна, кои ги потврдуваат таквите стравувања: Над 400 луѓе, за само еден ден, патувале со автобус - повеќето од нив засекогаш, во правец на Германија. Станува збор за седум автобуси полни со патници кои според локалните медиуми патувале за Германија.

„Heute“ посочува дека според проценките на Обединетите нации, доколку не се запре емиграцијата, БиХ „ќе изгуби половина од населението до 2070 година и ќе има само 1,6 милиони жители“. Таблоидот додава дека локалните медиуми како „Дневни аваз“ и „Рамски вјесник“ тврдат дека нема точна бројка колку жители досега се иселиле од БиХ.

„Heute“ се повикува на анкетата на хрватската агенција „Пиксел“, според која, како што пренесува, „Босна и Херцеговина е на самиот врв од сите земји кои бележат најголемо иселување, па експертите стравуваат дека младата генерација ќе продолжи да емигрира во странство, а Босна да стане земја на пензионери“. Една од наведените причини е просечната месечна плата во Босна од 575 евра, како и недостатокот на вработување и други перспективи за иднината на младите. Особено по масовната инфлација и пораст на цените во Босна и Херцеговина.

Австрискиот таблоид посочува и на многу загрижувачката демографска ситуација и одливот на млади мозоци во другите земји од регионот.

Хрватска, Србија и Македонија се исто така меѓу првите 10 на листата на земји кои не успеаја да го спречат заминувањето на младите“, заклучува „Heute“.

Во секој случај, иселувањето на жителите не е само голем проблем, туку и голем, итен, предизвик за сите земји кои сакаат да ги запрат споменатите негативни демографски процеси. Бидејќи одливот на мозоци значи и губење на трудот и репродуктивниот потенцијал на земјата и соочување со брзото стареење на населението, посочува таблоидот.


Слично

Поврзани вести