Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со бели патики и црвени чорапи Рама на форумот во Блед: „Ние на балканот се смееме и кога страдаме, Германците тоа не го можат“

Со бели патики и црвени чорапи Рама на форумот во Блед: „Ние на балканот се смееме и кога страдаме, Германците тоа не го можат“

Учествувајќи на стратешкиот форум во Блед, албанскиот премиер ги критикуваше и институциите на ЕУ за одложување на проширувањето.

„Нема иднина за Европа без Западен Балкан во рамките на ЕУ. Ако ЕУ продолжи вака, се разбира дека нема да биде добро за нас, но ќе биде уште полошо за ЕУ“, рече Рама, како што пренесе Косовски печат.


Тој доби аплауз од присутните кога рече дека жителите на земјите од Западен Балкан се смеат дури и кога страдаат, додека во ЕУ не се во можност да го сторат истото.

„Прво, дозволете ми да ве натерам да се смеете во оваа мрачна атмосфера. Има нешто на Балканот што мораме да го задржиме, да се смееме дури и кога страдаме, што во членките на ЕУ, како што е Германија, тие не се способни да го направат“, тој додаде.

На истиот форум, Рама го повика бугарскиот претседател Румен Радев да ги надмине проблемите со Македонија.


Меѓу сите присутни она по кое се издвојуваше Еди Рама е неговиот стил. Елегантноста ја зачинува секогаш со патики, овој пат во очи паѓаа и неговите црвени чорапи.


Слично

Поврзани вести