Со амандамани во Уставот да се потврди уставноста на СЈО- бараат од ВМРО-НП
Од ВМРО-Народна партија велат дека Собранието треба да донесе амандмани што ќе станат составен дел на Уставот на РМ, а со кои ќе се потврди уставноста на СЈО.
Од партијата додаваат дека заради избрзаниот и недоволно подготвен Закон за специјално јавно обвинителство кој беше донесен од Собранието на РМ и неусогласеноста на истиот со Уставот на Р.Македонија, се создаде невидена конфузија и забуна во одредени стручни кругови од областа на правото.
Поради тоа, партијата ги смета за неоправдани, непринципиелни и недолични ултимативните притисоци од одредени кругови врз Уставниот суд на РМ, за изјаснување за уставноста на постоењето на СЈО.
„ВМРО-Народна партија за надминување на овој проблем предлага, Собранието на РМ да донесе амандмани што ќе станат составен дел на Уставот на РМ, со кои ќе се потврди уставноста на СЈО и други пропратни институции. Без ова интервенција, сите правни дејствија ќе бидат прогласени за неуставни, затоа што во Уставот на Р.Македонија јасно стои дека Јавното обвинителство и судовите се единствени и со закон е забрането формирање на други“- пишуваат од ВМРО-НП. ВМРО-Народна партија бара сите политички партии во Собранието едногласно да ја поддржат оваа уставна иницијатива, како во случајот при донесувањето на Законот за СЈО, пракса која се применувала и во други држави и се покажала како многу успешна.
Слично
