Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со афлатоксин заразенa 31% од пченката од стоковите резерви на Србија

Со афлатоксин заразенa 31% од пченката од стоковите резерви на Србија
Поголемо ниво на афлатоксин од дозволеното имаат над 31% од стоковите резерви на пченка во Србија, пренесуваат српските медиуми. Горан Ташиќ, директор на Бирото за стокови резерви на Србија во изјава за весникот Блиц вели дека резултатите од последните анализи покажале дека зголемено просуство на афлатоксин има во 31% од вкупните количини на пченка која државата ги откупила за стоковите резерви. „Заразената пченка е лоцирана и ќе се третира на адекватен начин, зза да биде подготвен за употреба“ вели Ташиќ во зијава за Блиц. Тој изјави дека Бирото за стокови резерви веднаш ќе започне со испорака на здрава пченка на фармите кои имаат забрана на промет со млеко поради зголемено просуство на афлатоксин во млекото. Министерот за земјоделство на Србија Горан Кнежевиќ пред неколку дена изјави дека ветеринарната инспекција им забранила на 73 фарми промет со млеко кои опфаќаат вкупно 1382 грла и дека државата ќе ја надоместо штетата со распределба на 300 килограми здрава пченка од стоковите резерви.      
Слично

Поврзани вести