Со 690.000 евра ќе се оградува барокната зграда на Владата
Владината служба за општи и заеднички работи, која управува со тендерските постапки, распиша оглас на кој се бара фирма која ќе ги изведува „градежните и градежно – занаетчиските работи за оградување на објектот на Владата“
За таа намена од државната каса ќе се одлеат 690 илјади евра, а објектот на Владата, кој никогаш до сега не бил ограден ќе добие ограда во склоп на својата нова барокна „руба“.
Само за потсетување, реновирањето на владината зграда до сега ја чинеше државата 16 милиони евра.
За сега не е познато во каков стил ќе биде оградата која ќе се најде околу објектот.
Изворниот изглед на Владата беше ремек дело и наградуван труд на македонскиот архитект, Патар Муличковски.
Слично
