Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со 600 милиони евра Грција ќе ги рекапитализира кипарските банки

Со 600 милиони евра Грција ќе ги рекапитализира кипарските банки
600 милиони евра ќе одвои Грчката влада за рекапитализација на кипарските банки во Грција, пренесуваат тамошните медиуми. Премиерот Јанис Стурнарас се’ уште официјално не го коментирал развојот на ситуацијата во Кипар. Според грчките медиуми Владата во Атина подготвува закон кој има за цел да ги заштити депозитите во филијалите на кипарските банки базирани во Грција, ако финансиските институции на Кипар “паднат“. Во Грција работат три кипарски банки, “Бенк оф Сајпрс“, “Кипарска народна банка“ и “Хеленик банк“ кои имаат вкупно над 300 филијали. -Ние сме подготвени да ги придобиеме сите средства на кипарските банки во Грција", изјави министерот за финансии Јанис Стурнарас. Според извори од банкарските кругови сите големи банки во Грција се заинтересирани за учество во оваа операција, но конечниот збор ќе биде на Централната банка на земјата.
Слично

Поврзани вести