Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со 500.000 евра за реклами Владата ќе ја реформира администрацијата?!

Со 500.000 евра за реклами Владата ќе ја реформира администрацијата?!
Службата за општи и заеднички работи на Владата бара маркетинг агенција која ќе осмисли цела кампања за промоција на владините активности за реформата на јавната администрација во земјава.    Една од рак - раните на актуелните државни политики – “реформата“ на јавната администрација Владата ќе ја решава преку спотови, реклами, па дури и преку постери залепени во влезовите и лифтовите во станбените згради. Владата преку Службата за општи и заеднички работи бара некој кој ќе и  изработи телевизиски и радио спотови за промоција на активностите за реформата на јавната администрација во земјава. Како Владата гледа на реформите на јавната администрација и што таа планира да направи на оваа тема – јавноста ќе се запознае и преку лого, постери и налепници, принт огласи. Но, Владата нема само вака да ги исцрпи начините на промоција на активностите за реформите во јавната администрација. Ќе се впушти и во надворешно рекламирање (мегалајти, билборди и автобуси) и внатрешно рекламирање (лифтови, влезови и слично). Преку истиот овој јавен оглас Владата бара и идејно решение и изработка и на веб банери, дизајн на меморандуми и е-маил потпис. Осмислување и реализација на ПР стратегија за промоција на кампањата. подготвување и реализација на медиа план, закуп на медиумски простор за електронски и печатени медиуми ќе бидат алатките на Владата за да ја информира јавноста за “реформите“. За сето ова, извршната власт планира да го одврзе кесето и да плати околу 500.000 евра, покажуваат податоците од Електронскиот систем за јавни набавки. Од понудувачите ќе се бара квалитет, кој ќе се бодува со 65 поени и цена, која ќе учествува со 35 поени, како криетериуми за рангирање на понудите. Заинтересираните ќе треба да ја докажат својата техничка и професионална способност преку “листа на главни услуги на понудувачите (референтна листа) со вредности, датуми, купувачи; Образовни професионални квалификации на економскиот оператор или на неговиот стручен кадар; Подготовка и реализација на медиа план закуп на медиумски простор за електронски и печатени медиуми, закуп на медиумски простор за рекламирање по автобуси и рекламирање во лифтови, задолжително треба да достави професионална биографија за вработените/ангажирани лица и М1/M2 образец за најмалку едно вработено лице кое се занимава со медиа планирање“, стои во огласот на Владата објавен на електронскиот систем за јавни набавки. Според објавата, маркетинг агенцијата ќе го склучи договорот со Владата со важност од еден месец. К.П
Слично

Поврзани вести