Со 323.477 евра Владата ќе ги промовира реформите во администрацијата
Шест маркетинг агенции ќе учествуваат во проектот за осмислување и реализација на кампања за промоција на активностите за реформата на јавната администрација во Република Македонија.
Владата склучи едномесечни договори со маркетинг агенции од земјава кои осмислуваат и ќе треба да реализираат кампања за промоција на активностите за реформата на јавната администрација.
Најголем дел од целата набавка е за изработката на идејни решенија за знак/лого, за ТВ и радио спотови, за постери, налепници и за изработка на принт огласи, како и да го осмисли надворешното рекламирање (мегалајти, билборди и автобуси) и да направи адаптација за внатрешното рекламирање (лифтови, влезови и слично).
Квалитетот на јавната администрација е еден од приоритетите на Владата. За успешно функционирање на јавната администрација таа го креираше проектот Е-влада, односно е-администрација.
Слично
