Економија, финансии, бизнис

Контакт

Со 111 гласа ЗА усвоен е закон за специјален јавен обвинител

Со 111 гласа ЗА усвоен е закон за специјален јавен обвинител

Законот за специјален јавен обвинител опфаќа низа правила и решенија, со кои треба да се обезбеди непречена работа на обвинителката која ќе работи на аферата ,,Прислушување” и случајот ,,Пуч”.

Според законот, до март 2017 година, новата обвинителка Катица Јанева заедно со тим од обвинители ќе треба да ги истражат сите случаи од прислушањето. Доколку до тогаш не поднесат обвинение, понатаму не ќе можат да го сторат тоа. Ова значи дека рокот остава можност да не се крене никаков процес за ,,бомбите” пред изборите во април.

„Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство ќе биде овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите. Неовластено следење на комуникации се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот помеѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до јавното обвинителство пред 15 Јули 2015“, стои во законот.

Во рок од три дена откако ќе стапи на сила законот, треба да и се обезбедат простории за работа на обвинителката и нејзиниот тим, а за еден месец да им се обезбедат и финансии со неограничен буџет за непречена работа.

Во рок од 8 дена на барање на обвинителката ќе треба да и се предадат постојните предмети кои се во врска со прислушувањата, а во моментов се во надлежност на Јавното обвинитество.

Законот и гарантира автономија на специјалната обвинителка и ниту еден јавен обвинител не може да влијае врз нејзината работа ниту пак да бара извештаи од предметите.

На крајот, законот ја обврзува обвинителката на секои шест месеци да поднесува извештај до Собранието за нејзината работа и напредок, а за тоа е должна да ја информира и јавноста.

 
Слично

Поврзани вести