Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снимки од Бошковски кога бил под ПИМ објавени во јавноста?!

Снимки од Бошковски кога бил под ПИМ објавени во јавноста?!

Вечерва во јавноста преку каналот на Јутјуб се пуштени видео снимки со матна слика а кои што ги емитуваше ТВ Сител и во истите главен актер е Љубе Бошкоски.

Снимките на Јутјуб се поставени вечерва од профилот Chklj Chklj и во нив како што пренесе ТВ Сител Љубе Бошковски нелегално зел пари, за финансирање на својата кампања за изборите во 2011 година, а за возврат го продавал името за пари.

Според пишувањата на Фокус  постои сомневање, дека  снимките се направени како дел од Посебни Истражни Мерки (ПИМ).

Додека се водеше случајот „Кампања“ вакви снимки воопшто не беа презентирани, бидејќи ПИ-мерки не смеат да се презентираат во јавност. Тие се достапни само во судница за обвинетите и нивните бранители, пренесува Фокус. Имено постои една дилема во целата оваа приказна. Снимки од ПИМ може да имаат единствено судовите и полицијата. Збунувачки е и фактот дека на објавената снимка стои датум кој добро се гледа 11 април 2012, a Бошкоски беше уапсен една година порано во 2011 година. Адвокати за Фокус потврдиле дека се што прибавено со ПИ-Мерки е тајна. Се поставува прашањето од каде овие снимки стигнале на интернет.
Слично

Поврзани вести