Снимки на НАСА покажаа како изгледаат грчките пожари
Сателитски снимки од пожарите во околината на Атина, вчера објави Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА).
Во пожарите загинаа повеќе од 80 луѓе, а околу 180 се повредени.
Снимките ги покажуваат густите столбови чад кои се креваат од предградијата на Атина и кои покрија голем дел од земјата. Најтешко погодени се атинските предградија Мати и Рафина, каде што се трага по исчезнати граѓани и туристи. Голем број од луѓето биле затекнати во автомобилите во обид да избегаат од огнот.
Снимките се направени вчера.
Слично
