Снимателот од протестите е од полициските сили за брзи интервенции?
Лицето кое синоќа ги снимаше протестите на „Шарената револуција“ пред МТВ и предизвика револт кај демонстрантите е припадник за полициските сили за брзи интервенции- ЕБР, тврдат за Либертас од МВР.
Според тие извори се работи за припадник на оваа полициска единица и најверојатно снимал по задача. ЕБР е под контрола на заменскиот министерот, Митко Чавков. Впрочем Чавков во интерју за провладините медиуми најави дека полицијата ги снима демонстрантите и дека ќе бидат санкционирани. Дел од демонстрантите синоќа жестоко реагираа штом забележаа лице кое криејќи се зад полицајците со камера ги снимаше учесниците на протестот пред МТВ. Тој синоќа кажа дека снимал за Ал Џезеира и ББС.
Слично
