Економија, финансии, бизнис

Контакт

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Без струја се 25.000 луѓе

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Без струја се 25.000 луѓе

Во соседна Србија, 25.000 луѓе се без струја, поради снежно невреме. 

Во голем дел од државата има проблеми поради снегот и силниот ветер. Некои од патиштата се затворени, а полицијата апелираше луѓето да не патуваат ако не е неопходно. На југот во некои места висината на снегот е и до еден метар. Власите објавија дека се расчистуваат патиштата кои поради големите наноси беа непроодни. Ноќеска полицијата ги извлекуваше луѓето кои беа завеани на патот Сеница-Нови Пазар. Ангажирани беа 141 пожарникар и 43 возила.

И на Косово има проблеми. И во северна Митровица нема струја. И Грачаница била без струја извесно време. 

фото РИНА

Слично

Поврзани вести