Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снежен хаос го погоди цел регион

Снежен хаос го погоди цел регион

Повеќе од стотина луѓе се евакуирани од своите домови во Албанија додека снежните врнежи и силните ветрови го блокираа сообраќајот ширум регоинот, јавува агенцијата АП.

Албанската полиција соопшти дека една жена е удавена а повеќе од 600 семејства се евакуирани на југот на Албанија бидејќи нивните домови се поплавени и дека во поплавите настрадале околу 3.500 грла добиток.

Властите во Словенија и Хрватска го ограничија движењето на камионите поради снегот.

Траектниот сообраќај помеѓу хрватските острови и копно е прекинат поради силни ветрови, а од исти причини и словенечкото пристаниште Копар е затворено.

Училиштата во западна Босна се затворени поради снег, а неколку илјади домаќинства останале без струја бидејќи снегот соборил неколку далеководи.

Градските власти во босанска Градишка соопштија дека пет сантиметри снег паднале за помалку од пет минути денеска.

Слично

Поврзани вести