Економија, финансии, бизнис

Контакт

Снегот во Србија блокира нови 50 возила

Снегот во Србија блокира нови 50 возила
Во текот на ноќта се евакуирани сите патници кои беа блокирани од снежнитѕе наноси на автопатот кај Фикетиќ,  но еден бугарски шлепер, и покрај забраната, влегол на локалниот пат Бачка Топола – Суботица, се превртел и направи застој, по што 100 возила се заробени, јавува Танјуг, повикувајќи се на информации од српското Министерство за внатрешни работи. Според изјавите на Началникот на Управата за противпожарно-спасувачката единица на Секторот за вонредни ситуации Горан Николиќ 40 возила останале на автопатот Нови Сад – Суботица кај Фикетиќ, но се работи на тоа денеска да бидат деблокирани сите возила. - Дел од патниците се евакуирани, а ќе бидат згрижени и оние кои не сакале да ги напуштат возилата, прецизира Николиќ, дополнувајќи дека на патот сега се очекува простигнување на тешка механизација која ќе го отстрани шлеперот. Според него важно е да се издржи уште денеска, бидејќи за утре се очекува намалување на јачината на ветрот.
Слично

Поврзани вести